Заврши Меѓународниот турнир „Еуро тенис 2015“

Од:

На тениските терени кои се во состав на СЦ „Борис Трајковски“ денеска заврши еднонеделниот Меѓународен турнир „Еуро тенис-2015“.

За првпат домаќин на овој турнир беше општина Карпош од каде најавија прераснување на овој настан во традиција. Станува збор за Меѓународен европски турнир за спортисти до 16-годишна возраст. На турнирот учествуваа 70 деца од преку 15 земји.

Победник во машка конкуренција е Златан Палазов  од Бугарија, а во играта во парови првото место го освоија, Михаил Кусевски и Андреј Андреевски од Македонија.

Прво место освои и македонската млада тенисерка Катарина Марковиќ.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ги додели пехарите и им посака успеси на победниците во понатамошната кариера.

– Ќе му предложам на Советот и наредната година да се вклучи во организацијата на овој Меѓународен турнир, имајќи во предвид дека турнирот ќе прерасне во традиционален. Со самиот факт што имаме повеќе спортски тениски терени, како афирмација на тенисот,  Општина Карпош секогаш ќе ги поддржува младите луѓе да се занимаваат со спорт, рече Јакимовски кој од организаторот на „Еуро тенис-2015“ доби плакета како благодарност за поддршката на овој Меѓународен натпревар по тенис кој што се рангира за меѓународни ЕТА ранкинг поени.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ