Бројот на жртви од труење со алкохол во Индија достигна 74 лица, а над 20 се хоспитализирани откако во петокот пиеле отровен алкохол во сиромашен кварт на индискиот бизнис центра Мумбај, соопшти денеска локалната полиција.
– Пет лица моментално се во притвор, изјави полицискиот претставник Дананју Кулкарни, додавајќи дека осум полицајци се суспендирани поради негрижа во борбата против домашно производство на алкохол.
Трагични случаи од труење со алкохол во Индија се чести, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат лиценциран алкохол, а илегалното производство често вклучува метанол и токсични хемикалии.