Најмалку 53 лица загинаа, а 28 се борат за живот по труење од илегално произведен алкохол во сиромашен дел на индискиот бизнис центар Мумбај, соопшти денеска локалната полиција.
– Три лица моментално се во притвор, изјави полицискиот претставник Дананју Кулкарни, додавајќи дека осум полицајци се суспендирани поради негрижа во борбата против домашно производство на алкохол.
Трагични случаи од труење со алкохол во Индија се чести, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат лиценциран алкохол, а илегалното производство често вклучува метанол и токсични хемикалии.