Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар

Од:

Градскиот дувачки оркестар денеска ќе одржи параден концерт во Градскиот парк.

Парадниот концерт со познатите чекорници ќе почне од платото пред ресторанот „Томче Софка“, движејќи се низ Градскиот парк кон фонтаната „Лотосов цвет“.

Членовите на оркестарот ќе изведат повеќе дела меѓу кои и патриотска чекорница, младинска чекорница, Вардаре македонски, Дикси парада, Вашингтон пост марш, 3-та Mакедонска бригада, Во спомен на Ваташа и други.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.

На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето