Населен реон во јужниот дел на Израел, вчеравечер беше погоден ор ракета истрелана од вооружена палестинска група во Појасот Газа, соопштија израелските безбедносни сили.
Во нападот нема жртви, но врз една куќа е причинета материјална штета, потврди портпарол на локалната полиција.
Со нападот се стави крај на договорениот прекин на огнот од 48 часа по вооружените судири за време на викендот меѓу палестинските борци во Газа и израелската полиција, во кои беа убиени петмина Палестинци.