Властите во грузискиот главен град Тбилиси денеска застрелаа избеган тигар, кој нападна и уби маж, пренесува ТАСС, повикувајќи се на грузиското МВР.
Според грузиските медиуми тигарот претходно повредил уште еден човек.
Избеганиот тигар од поплавената зоолошка во Тбилиси се криел во напуштена фабрика, претворена во магацин. Тигарот го нападнал човекот во близина на зоолошката градина, по што мажот починал од добиените повреди.
Тигарот е убиен во специјална операција на локалните власти. Регионот околу местото на трагичниот инцидент е затворено од полицијата и локалните власти на Тбилиси.
Во поплавите за време на викендот во Тбилиси животот го загубија 17 лица, а петмина се водат за исчезнати. Најтешко погодена беше територијата околу реката Вере, каде се наоѓа и зоолошката. По несреќата голем број животни беа излезени на слобода. Пред несреќата во зоолошката живееле осум лавови, седум тигри и три јагуари.