Заре Марковски нов спортски директор на МКФ

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ)  соопшти дека Заре Марковски денеска на седницата на Управниот одбор ќе биде назначен за Спортски Директор на МКФ.

– По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, која што за прв пат ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа на престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денес да биде во Скопје, информираат од МКФ.

Марковски на местото спортски директор на МКФ го наследува Илија Мерџановски кој си поднесе оставка по доаѓањето на новото раководство.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ