Европската комисија е подготвена во секој момент да ги обнови преговорите со Грција за финансискиот долг на земјата, соопшти портпаролот на комисијата, Маргаритис Схинас.
– Можам само да повторам дека Еврокомисијата и канцеларијата на претседателот на ЕУ, Жан Клод Јункер се отворени 24 часа седум дена во неделата, истакна Схинас пред новинарите, пренесува Тасс.
Според него, Еврокомисијата е подготвена во секој момент на политичко и техничко ниво да ги разгледа понатамошните предлози од грчките власти.