Одбележани 72 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа

Од:

Во спомен паркот Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа денеска беа одбележани 72 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци. Историски час пред присутните одржа Мики Камчевски, професор по историја во гимназијата „Добри Даскалов” од Кавадарци.

– Денес ваташани со задоволство и гордост се потсетуваат на своите славни херои, но еден од тие спомени предизвикува горчина во нивната душа и немир во нивните срца, а тоа е споменот на стрелањето на 12-те ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор, еден од најкрвавите настани за време на Втората светска војна во Македонија, нагласи Камчевски.

Многу години по ваташката трагедија, сите слободољубиви луѓе и сите оние кои ја ценат и почитуваат саможртвата, истакна тој, знаат дека сето она што го направија младинците од Ваташа за слободата на својот народ, е дело за восхит и почит и дело кое секогаш ќе остане како траен белег да се помне и почитува од денешните и генерациите кои доаѓаат. – Нема ништо посвето од слободата на татковината и слободата на својот народ, додаде тој.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, а  беше изведена и богата културно уметничка програма.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Османи да ја покани Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените деца во Ваташа и да побара прошка

A1on

Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа

Ана Ололовска

Дванаесет дрвца туја ќе бидат посадени во Спомен паркот на 12 стрелани младинци во Ваташа

Ана Ололовска

Кавадарци одбележува 148 години од отворањето на Народно читалиште во Ваташа

Ана Ололовска

Одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци

Ана Ололовска

Сто години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа

Ана Ололовска