Во времето која ја носеше неславнта титула „најдебел човек на светот“, Пол Мејсон можеше само да сонува да отиде на кино.
Мејсон, поранешен поштар од англискиот град Ипсвич, во време на рекордната дебелина тежел 445 килограми и едноставно не можел да седне на седиштето во кино салите.
Приказната за него го привлече внимениеото на целиот свет пред две години, откако за пет години загубил 295 килограми и се вљубил, а сега стана повторно актуелен откако кон крајот на април лекарите во девет и полчасовна операција му отстранија 23 килограми вишок на кожа.
Тоа беше посебен момент за 54-годишниот Масон и неговата свршеница Ребека Монтајн, кои сега живеат во Масачустес, затоа што набрзо по операцијата првпат заедно отидоа на кино.
– Можев да седнам на седиштето во киното првпат по 30 години и да се држам за рака со некој, како што тоа го прават двојките, изјави Мејсон за Ен-Ди-Ти-Ви.
Тој сега може да се туршира стоечки, да стане од неговата количка и да прошета, да стане и легне во кревет и воопшто да ги чувствува своите нозе. Исто така и облекување му стана многу полесно.
– Сега ми е чудно. Бев целосно навикнат на маневрирање со вишокот на кожа, додава Мејсон.