Се разгорува „војната“ меѓу градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и навивачите нa МЗТ Скопје. Во изминативе неколку дена. по наредба на градоначалникот Коневски се бојадисуваат сите места каде Фемили Аеродром имаше графити од навивачката група или клубот.
Уништен е еден од најмаркантните графити на спортскатата сала на О.О.У. Блаже Конески, потоа графитите на ѕидовите на О. О.У.Браќа Миладиновци и на О.О.У. Ѓорѓија Пулевски. Инспекции дошле во пабот на Фемили во ТЦ Бисер. Биле пишани 15 тина казни по разни основи.
За потсетување, несогласувањата започнаа откако беа поставени црвено-црни столчиња во новата сала.
Коневски поднесува три кривични пријави против тројца истакнати членови на навивачката група Фемили.
Еве што стои на официјалната страна на општина Аеродром:
Следуваше одговор од навивачката група:
-Зошто ова се прави дури сега, а кога за истите графити беа издвоени средства од наш личен џеб, кога неуморно се трошеа часови и часови на работа, кога се работеше деноноќно на разубавување на уништените ѕидови, не се кажа ништо туку се беше коректно одобрено бидејќи се работи за разубавување на околината?
-Зошто се работи во петок вечер во 11 часот и во недела изутрина во 9 кога ретко кој може да ја забележи акцијата?
-На кого му е потребно ова?
-Дали некој граѓанин се има пожалено дека му пречат нашите графити и мурали заради било каква причина?
-Зошто личната “војна која градоначалникот ја води со Family Aerodrom ја префрлува и врз останатата околина?
-Зошто директорите на училиштата се ставаат во незавидна ситуација и се уценувани со бркање од работа во случај да не ја послушаат наредбата?
-Зошто се повикуваат по неколку МВР патроли за да го “чистат теренот”?
-Зошто не се бојадисуваат,глетуваат и реконструираат бочните ѕидови од училиштата каде што навистина има потреба бидејќи се руинирани.прешкртувани со години и неубави за око, туку симптоматично се удира стриктно на графитите изработени од страна на Family Aerodrom?
-Зошто членовите на управата на нашиот сакан клуб не излегуваат со повик,барање или барем изјава дека ова му штети на имиџот на МЗТ Скопје и дали конкретно на нив лично не им пречи кога графитите направени од оние кои го спасија клубот од амбисот се прекречуваат?
-На законски санкции подложат и написите со спрееви од страна на политичките партии, лепењето плакати како и разноразни повици кои секојдневно ги гледаме по нашите влезови, но не сме сретнале некој за тоа да биде ни опоменат а камоли казнет. Нека се позанимаваат малце општинските власти со сите оние места каде што се гледаат неубави слики и навистина срамни работи.
Ова што се случува со еден збор е СРАМОТА. Свесни се и вработените во училиштата, свесни се и извршителите, свесни се и обезведувачите од МВР дека ова не треба да се прави ама сепак заради нечии лични фрустрации се прават работи контра своја волја. Нив и можеме да ги разбереме, сепак многу семејства зависат од тие работни места ама никако не можеме да ги разбереме оние кои немо молчат, кои ова го одобруваат, кои се слепи при јасната вистина која излегува на виделина. Се додека биде така, на нас и нашата околина ќе и се случуваат разноразни глупости од овој и сличен вид.
Нам ни останува тоа да го смениме, ако ништо друго барем да пробаме!
Ова е видеото, објавено на Ју тјуб, за тоа како се создаваше графитот