Без зелено светло од ММФ Германија нема да учествува во спасот на Грција

Од:

Германскиот Парламент нема да поддржи ниту една одлука за спас на Грција доколку Меѓународниот монетарен фонд чии претставници се повлекоа од преговорите со Грција не учествуаат во решението.

Првиот човек на парламентарната група на партијата ЦДУ на канцеларката Меркел, Фолкер Каудер, вели дека без согласност од ММФ нема да се најде решение за грчката криза, јави дописникот на МИА од Берлин.

Каудер, кој е близок соработник на Меркел, вели дека неговата шефица како и голем број други германски политичари и граѓани сакаат Грција да остане во еврозоната и дека напуштањето нема да биде поевтино од останувањето, но за тоа треба да се исполнат сите потребни услови.

– Не можеме да гласаме за понатамошни плаќања доколку ММФ каже дека тоа нема да функционира, изјави Каудер за АРД телевизијата.

Според него сите знаат што е влогот во ваквиот развој на настаните но никој друг освен Грција не сноси одговорност во овој случај. Грција мора да се врати во реалноста и да прекине да поставува услови вели парламентарниот лидер на најмоќната германска партија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он