Зголемена е цената на електричната енергија за граѓаните а намалено е домашното поризводство, е еден од главните заклучоци на вчерашната дискусија пред владата во Кампот на слободата, на тема „Енергетската сигурност на РМ и идните чекори за развој на енергетиката“, на која говореа Митко Андреевски, претседател на комисија за енергетика во СДСМ, Васко Ковачевски, политичар и Иван Трпевски, член на комисија за енергетика.
– Сите знаеме дека во изминатите девет години нашата држава е сериозно оштетена економски, особено во енергетиката. Партизацијата на општеството, поставување на исклучиво партиски кадри, значи само едно – задоволување на членството на ВМРО ДПМНЕ и со тоа контролиран процес на производствтото на електрична енергија, и увозот на скапа струја – сето тоа на товар на граѓаните, рече пред граѓаните Васко Ковачевски од СДСМ.
Според него, партиските кадри кои доминираат во енергетискио систем, посебно во АД ЕЛЕМ, во РЕК Битола и останатите комбинати, претставува катастрофа за нашата држава – намалено производство на домашна енергија, скапа производствена енергија, и уште поскап увоз на струја.
Ковачевски смета дека изминативе години потрошени се стотици милиони евра државни пари за модернизација на енергетскиот систем, особено во РЕК Битола, но тие инвестиции не дале ни малку резултат.
Напротив, вели тој, трошењето на вакви пари исклучиво преку фирми блиски до власта, тендери со високи цени, носат само само помало производство на струја, а со тоа намалено е целокупното производство на струја…и имаме интервентен увоз на струја, со цени кои одат како профит на луѓет блиски до власта.
– Согласно извештаите на МЕПСО, испаѓа дека во изминатата 2014 година имавме рекордно ниско производство на домашна енергија. РЕК Битола и РЕК Осломеј не работат во континуитет со недели и со месеци, напомена тој, додвајќи дека увозот во 2014 година е значително зголемен, а Македонија станува зависник од увоз на скапа струја.
Тој рече комисијата за енергетика на СДСМ преглада наместо фасада од 15 милиони евра на ЕЛЕМ, тие пари да се вложат во еколошките потреби на комбинатите, затоа што еколошките потреби кои требаше да се имплементираат во 2012 година, заради недостаток на финансиски средства се пролонгирани за 2017 година.
– СДСМ преку т.н бомби покажа како се местат тендерите во ЕЛЕМ, како се вработуваат партиски кадри на несоодветни работни места, како се трошат стотици и стотици милиони евра на тендери, потенцираше Ковачевски.
Претседателот на Комисијата за енергетика во СДСМ пак, Митко Андреевски во своето обраќање се осврна на цената која граѓаните ја плаќаат за електрична енергија. Рече дека во иднина, доколку СДСМ ја добие довербата на граѓаните, ќе работи на ефикасна социјална политика во однос на давачките за електрична енергија.
– Не може некој да плаќа елетрична енергија по вака високи цени а притоа да не може да ги задоволи своите основни и егзистенцијални потреби. Во изминативе девет години, Македонија има зголемен увоз на електрична енергија од странство. Кога ќе ги погледнете податоците, колку на ЕЛЕМ му е потребно за да прозиведе електрична енергија, ќе видите дека за разлика од 2005 троши многу повеќе мазут. Во 2005 година, ЕЛЕМ потрошил 13.000 тони мазут, во 2015, 2014 потрошил 34 000 тони мазут, рече тој.
Андреевски напомена дека како многу важен фактор за скапата струја е тоа што РЕК Осломеј не работи, не работат и ТЕЦ Неготино, ОКТА, Тето, Когел, и не се вложува во домашните производствени капациети.
– Ние како држава од ОКТА сме имале приходи од 800 милиони долари, денеска немаме никаков приход, а не го кажуваат тоа. Тие не го кажуваат тоа, а пазете имаме договор дека ОКТА во следните 20 години ќе доставува цени кои ќе бидат на дериватите во Република Македонија. Тој договор не е поништен, рече тој.
– ТЕЦ Неготино е енергетски објект изграден во 70-тите, 80-тите години кој апсолутно последниве девет години воопшто не работи. А таму работат, 250 луѓе. Ние нема да ги избркаме, туку ќе донесеме енергенс кој ќе ја рестартира, со што ќе се прозиведува елетрична енерија. Недозволиво е да зависиме од увоз. Две три компании тесно поврзани со власта, остваруваат профит преку увозот на струја, рече претседателот на Комисијата за енергетика во СДСМ.
Според него, што се однесува на гасификацијата, доволно било да се погледне дека во двата града кои “им припаѓаат“на СДСМ , Струмица и Куманово – и двата се гасифицирани, а Македонија, односно Скопје не е.
Во однос на произвосвото на електрична енергија од обновливи извори, тој пак додаде дека Македонија мора да вложи во нив бидејќи ги имаме како природни ресурси.
Вчерашната дискусија со граѓаните ја заврши Иван Трпевски, член на Комисија за енергетика при СДСМ, кој вели со фамилијата на Груевски, Македонија е осудена на скапо, нечисто и неефикасно производство на електрична енергија.
– Со фамилијата сме осудени на скапо, нечисто, неефикасно и назадно производство на електрична енергија. Се потрошија 500 милиони евра во згради, во фасади, а ниедна од тие згради нема никаква студија дали барем една од нив е енергетски ефикасна. Луѓето во Тетово, Битола се трујат, а производство нема. 2014 година е своевиден рекорд. Никогаш од кога Македонија е самостојна држава, толку малку струја не се произвело, рече тој.
Трпевски објаснуа дека колку сме понеефикасни во производството, толку цената во домаќинствата е повисока, бидејќи Македонија нема индустрија, а струјата ја трошиме на греење, на ладење, повеќе од половинат од вкупната потрошувачка оди во домаќинството.
Тројцата дискутанти се согласни дека поради овие факти кои ги изнесоа пред граѓаните, доколку СДСМ ја добие довербата од граѓаните на следните избори, се што влегло и излегло од земјата во вид на струја, ќе биде предмет на ревизија точно по фактури и бројки.
Со дискусијата за секторот енергетика, се комплетираше и 29.ден откако е поставен Кампот на слободата, каде граѓаните бараат оставка поради како што велат, корумпираното владеење на Никола Груевски и неговата влада. Од премиерот бараат оставка и одговорност.
Вакви дискусии, дебати или обраќања се на програмата на кампот секојдневно на кои се разговара за различни теми кои ги засегаат граѓаните и за различни сектори од општеството.