Пентагон синоќа соопшти дека американската армија извршила воздушни напади во Либија врз цели на терористи поврзани со Ал Каеда.
– Вршиме проценка на резултатите од операцијата, а дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе биде соодветно време за тоа, наведува во соопштението портпаролот на Пентагон Стив Ворен.
Според соопштението нападот е извршен во саботата вечер.
Ворен нагласува дека според првичните информации нападот бил успешен и целта погодена, без да го објави името на екстремистите кои биле цел.