Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за здравство и Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог-законот за градежни производи и измените на Законот за електронска трговија и на Законот за концесии и јавно – приватно партнерство, сите во второ читање.

Комисијата за здравство ќе расправа за измени на Законот за хемикалии во прво читање, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули