Отворено шеталиште во центарот на Скопје

Од:

Во центарот на Скопје, кај хотел Јадран, отворено е новото шеталиште.

„На целиот сквер  е  поставена  урбана опрема составена од  120 жардињери обложени со гранит, и  засадени со декоративни зимзелени садници, 20 клупи и 20 корпи за отпадоци, сите модерно дизајнирани.

– Хортикултурното уредување остава силен впечаток кај минувачите на високо урбан уреден простор. Она што преставува новост во целиот опфат е тоа што сите светлечки столбови  ќе бидат задскриени со зеленило кое ползи по самите столбови.

– Деновиве ќе биде поставено подно осветлување , непосредно пред столбовите  кое светло ќе лизга по зеленилото и навечер ќе предизвикува преубав светлосен ефект“, изјави градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Шеталиштето се простира на површина од 6.000 метри квадрати, а чини 50 милиони денари коишто биле издвоени од буџетот на општината.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски