Костим за капење предупредува кога е доволно сончање

Од:

Француската претприемачка Мари Спинали осмислил костим за капење за жени кој ќе биде опремен со водоотпорен соларен колектор поврзан со смартфон кој неговата сопственичка ќе ја предупредува на кожата да нанесе крема за сончање.

„Идејата ми дојде еден дена кога на плажа забележав девојка којашто изгорела на сонцето“, појаснува Мари Спинали, сопственичка на фирмата „Spinali Design“ од Мулуз на истокот од Франција.

„Се сетив и дека постојат тегли за цвеќиња со сензори кои предупредуваат кога на растението му е потребно вода, па помислив дека можеби би требало да се измисли нешто што луѓето би ги предупредувало дека предолго се изложиле на сонце и дека е време на кожата да нанесат крема за сончање“, вели во репортажата на AFP оваа млада Французинка.

Спинали се надева дека оваа година ќе продаде околу илјада вакви костими за капење со ознаката „Made in France“. За почетокот таквите костими ќе се произведуваат само за жени по цена од 149 евра и ќе бидат изработени по мерки на заинтересираните.

На костимот, како што објаснува натаму Спинали, е прицврстен мал водоотпорен сензор кој го мери ултравиолетовото зрачење. Информацијата преку смартфон или таблет ќе биде испраќана до сопственичката којашто однапред внела податоци за типот на својата кожа и саканиот процент на потемнетост. Апликацијата на смартфонот го предупредува лицето кое се сонча дека е време да нанесе крема за сончање.

Таа истакнува дека овој изум е практичен, бидејќи кога лицата коешто се изложуваат на сонце, ќе помислат дека е вистинско време да се намачкаат со крема за сончање, најчесто е веќе предоцна и „изгореле“ на сонцето.

Заменичката претседател на Националниот синдикат на дерматолози, др Клодин Бланше-Бардон изјави дека „замислата е занимливо и многу е полезно“, но предупредува дека и натаму најдобрата заштита од сонцето е да не се изложува на неговите зраци премногу ниту предолго./

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ