ЛДП до Груевски: Не се заканувај! те чека соочување со истражните органи, а не со народот

Од:

Никола Груевски да престане да демонстрира сила и да се заканува со нови избори, бидејќи единствено со кој може да се соочи во блиска иднина се истражните органи, а не со народот, порачуваат од Либерално-демократската партија.

Од партијата сметаат дека премиерот Груевски како креатор на кризата е главниот проблем поради кој не може да се најде решение за ситуацијата.

Во соопштението до медиумите ЛДП посочуваа дека по неуспехот на преговорите е сосема јасно дека Груевски и неговата фамилија остануваат единствената пречка за надминување на кризата и враќање на слободата и демократијата во државата.
„Тој е единствениот виновник и за назадувањето на државата во евроинтегративниот процес и евентуалното губење на препораката за почеток на преговори со ЕУ“ ,сметаат од ЛДП.

Од оваа партија остро регираат и на однесувањето на дел од европските дипломати, односно бирократи, чии ставови не коренспондираат со основните европски принципи на владеење на правото и демократијата со што се поткопуваат угледот и принципите врз кои се темели Европската Унија.

„Во таа насока, опозицијата заедно со граѓаните остануваат посветени и истрајни во својата борба за слободна и демократска Македонија, како и во барањето на оставка на Груевски и отворање на истрага против него, за сите злодела направени во изминатите 9 години, за што потврдуваат и добар дел од аудиоснимките објавени од опозицијата“ стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство