МВР го попречува Мемети да ги заштити граѓаните кои биле прислушувани

Од:

Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети, е попречуван од надлежните органи да го заврши својот дел од работата при заштита на човековите права кај оние граѓани кои биле прислушувани преку оперативата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Мемети денеска изјави дека институциите, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, не одговараат на неговите барања за информации. Правобранителот во овој случај има право да ги добие дури и оние информации кои се доверливи и класифицирани.

Мемети денеска имал средба и со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, со кого исто така зборувал за скандалот со прислушување.

-Имам покренато две постапки по однос на прислушувањето. Една општа и една за конкретен случај. Јас немам добиено никакви одговори од органите. Ова се работи кои по закон можам да ги подигнам на повисоко ниво и да информирам дека ме попречуваат да работам. Верувам дека наскоро ќе успеам да соберам документи кои ќе ми даваат за право и ќе бидат релевантни да излезам и јавноста да ја информирам по однос на тоа. Бараме се што е надлежност на Министерството согласно законот за следење од комуникациите – изјави тој.

За ова попречување омбудсманот се пожалил и на средбата со премиерот Никола Груевски.

-На средбата со премиерот ја искажав својата загриженост по однос на масовното прекршување на човековите слободи и права. Мојата прва реакција беше дека ова е застрашувачка појава. Не знам дали во Македонија може да се зборува повеќе за правото на приватност. Во таа насока беше и средбата дека не може омбусдманот да се попречува при вршење на неговата работа и од друга страна добив уверување дека мора да се зајакнат капацитетите дека органите ќе добијат задолженија да не попречуваат– рече тој.

Мемети бара од Министерството за внатрешни работи да одговори дали се прислушувани лицата кои ја побарале неговата заштита, во кој период биле прислушувани, дали за тоа е доставено некакво барање од јавниот обвинител, односно дали се испочитувани законските процедури. Народниот правобранител има причина да се сомнева дека Управата за безбедност и контраразузнавање ги вршела овие прислушувања, со оглед на тоа што во самото обвинени за „пуч“ стои дека прислушувањето се вршело преку апаратурата на УБК.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски игралишта

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ