Компанијата за спортска опрема „Најк“ и најсилната светска кошаркарска лига НБА потпишаа договор за соработка вреден една милијарда долари, јави ЕСПН.
Договорот ќе биде во сила осум години, а ќе почне од сезоната 2017/18, кога НБА ја завршува соработката со компанијата „Адидас“.
Германскиот гигант „Адидас“ одлучи да на ја продолжува соработката со американската лига со образложение дека компанијата е фокусирана на фудбалскиот пазар.
Од друга страна американската компанија „Најк“ изрази желба за соработка со НБА. чии кошаркари на дресовите ќе го носат логото на „Најк“.
Заштитни лица на „Најк“ меѓу другите се и НБА ѕвездите Леброн Џејмс, Кевин Дуран, Кајри Ирвинг и Расел Вестбрук.