(ВИДЕО) Заев: Али Ахмети одмогна наместо да помогне

Од:

Разговорите траеа 12 часа и повеќе, такви разговори не се водат за да нема договор туку за да има, но со сите аргументи и со вистината на маса, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Скопје по неуспешната лидерска средба во Брисел.

Заев ниту сега не сакаше да открие нешто повеќе од разговорите за да не им наштети на следните рунди, тој верува дека се уште има надеж да се дојде до конечно решение. Претседателот на СДСМ посочува дека опозицијата има и други механизми на располагање доколку преговорите за илез од политичката криза не вродат со плод. Тој одби да прецизира на кого мислат европските посредници кога велат дека компромис не е постигнат поради непопустливоста на една од страните.

-Ќе се дознае поради кој политичар не е постигнат договор, тоа е помалку важно, важно е дека имаме добар исчекор според мене. Тој добар исчекор дава надеж дека ќе го изнајдеме конечното решение. Се надевам за тоа се подготвени другите партиципиенти. Нашите ставови се јасни и образложени. Кој бил виновен? Ако ги прашате странците, и двајцата. Али Ахмети наместо да помогне, одмогна. Не успеавме вчера да се договориме во Брисел, но ќе го изнајдеме решението. Се надевам граѓаните за Македонија нема да бидат принудени да ги развиваат сите други алтернативни демократски средства кои ни стојат на располагање, затоа што се помалку посакувани од решенијата што можеме да ги најдеме на маса – рече Заев.

Како што рече тој и покрај алтернативните механизми, Социјалдемократскиот сојуз сакал политичката криза да ја реши на цивилизиран начин, на маса, „колку и да се лути противниците“.

Изјавата на Груевски во Брисел, Заев ја толкува како избразана и спонтана, што, вели тој, кажува само за себе.

-Имаше секакви формати на разговори и тоа кажува што се случувало. Најверојатно боли кога чекор по чекор се вадат заклучоците, па според тоа и премиерот изреагирал – рече тој.

Тој посочи дека не бега од избори, како што беше обвинет од страна на премиерот Груевски, туку дека тие избори ги бара од 27 април 2014. Она што го посакува СДСМ, рече тој, е тие избори да бидат фер и демократски каде граѓаните ќе бидат растеретени од страв и ќе гласаат слободно.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство