Нигерија направи своја верзија на куклата Барби со темен тен која се вика Кралица на Африка. Оваа верзија на најомилената кукла во светот може да се купи само во Нигерија.
Творецот на оваа кукла е Нигериецот, Таофик Окоја кој всушност сакал да подари и црна Барбика на својата ќерка. Наводно, таа му рекла дека би сакала да била бела, затоа што таква е и нејзината омилена кукла. Затоа овој претприемач одлучил да и направи црна Барбика и продажбата набрзо се проширила по целата земја.
Оваа кукла, освен тоа што е со темен тен, има и кафени очи и долга кафена коса со многу исплетени кики. Црната Барби е една од најпродаваните играчки во Нигерија и наскоро се планира продажба низ цела Африка.