Викендов прскање против комарци во Скопје

Од:

Прво авионско прскање против комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира во сабота, на 13 јуни.

Како што соопшти Градот Скопје, првата аеросолна дезинсекција во 2015 година на подрачјето на Скопје, ќе се реализира во период од 7 до 11 часот. Ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не дозволат да биде извршена аеросолна дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се спроведе првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он