Поради што некои луѓе се попривлечни од другите? Науката смета дека за тоа се клучни осум работи.
Симетрија
Научно е утврдено дека луѓето убавината ја поврзуваат со тоа колку се симетрични цртите на лицето. Затоа симетријата е еден од главните фактори при изборот на партнер.
Сјај во очите
Ако имате изразен лимбален прстен – темен круг околу ирисот на окото – навикнете се на комплименти. Без оглед на бојата на очите, благодарение на тој прстен ќе изгледате помладо и попривлечно.
Мирис
Без оглед дали користите добар парфем или сте се определиле за природниот мирис, голем број научни истражувања покажуваат дека полесно ќе го привлечете спротивниот пол доколку мирисате пријатно.
Повторно очите
Доколку некој ви се допаѓа, еден поглед може да биде доволен за да го привлечете. Имено, кога гледате во некој што ви се допаѓа, вашите зеници се шират, што укажува на страст и се смета за исклучително привлечна карактеристика.
Боја
Бројни анализи потврдуваат дека луѓето ги привлекува црвената боја. Голема е веројатноста да привлечете нечие внимание ако сте облечени во црвено или пак имате некој впечатлив детал во оваа боја.
Говор на телото
Резултатите од студијата во која учествуваа 40 жени покажуваат дека жените се поподготвени да им пријдат на момчиња кои имаат самодоверба.
Брада
Не само што големите бради се тренд, туку истражувањата покажале дека за жените се поатрактивни мажите кои имаат брада.
Насмевка
Научно е докажано дека на мажите им се допаѓаат жени кои изгледаат среќно, додека припадничките на понежниот пол се поекстремни, нив ги привлекува впечатлива, а некои дури и заразна насмевка.