Луѓето се посклони кон измама на брачниот другар доколку економски се зависни од него, покажуваат резултатите од една понова студија.
Иако звучи нелогично луѓето да го изневеруваат лицето кое заработува за леб, студијата покажа дека постојат пет отсто шанси жените кои економски се зависни од мажите да си најдат љубовник и 15 отсто од мажите кои се во таа позиција да си најдат љубовница. Економски независните партнери често остануваат сами.
– Луѓето не сакаат нееднаквост, а тоа е нешто што мажите ги прави несигурни и им создава одбивност, рече Кристин Манш, професор на Универзитетот во Конектикат и автор на новата студија објавена во American Sociological Review.
Манш испитувал динамичноста на брачните односи во период од шест години и таа при тоа користела податоци од Националното лонгитудинално истражување на младите спроведено меѓу 2001 и 2011 година.
Резултатите врз основа на одговорите од 2.757 испитаници покажале дека колку мажот заработуваат помалку пари од жената, толку се поголеми шансите дека тој нема да биде верен. Исто така и доколку заработуваат 70 отсто повеќе од сопругите помала е веројатноста дека ќе и бидат верни.
Жените меѓутоа најретко изневеруваат кога заработуваат сто отсто од вкупните приходи во семејството.