Прободен со нож жител од Крушопек

Од:

Триесет и седумгодишен жител од Крушопек вчера се здобил со убодна рана од нож кај ТЦ „Олимпико“ на ул. „Лондонска“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека итната медицинска помош вчера во 18:40 часот во ЦИК-Скопје пријавила дека во Скопје на ул. „Лондонска“ имало непознато лице кое лежело на земја со убодна рана.

По преземени мерки е утврдено дека се работи за К.А.(37) од село Крушопек, кој по вербална расправија со три лица, која подоцна прераснала во тепачка, од страна на едно лице бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди. Еден од осомничените за настанот се пожалил на повреди и бил задржан за понатамошно лекување во Специјална болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, додека со останатите двајца осомничени е обавен разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина