Пред преполн салон во Музичкиот центар „Борис Христов” македонската оперска певица Весна Гиновска-Илкова вчеравечер одржа соло-рецитал кој ја воодушеви публиката во Софија.
Во пијано придружба на Кристина Светиева беа изведени познати оперски арии од Штраус, Лист, Рахмањинов, Верди, Маскањи, Чајковски, Пучини, како и фрагменти од македонската музичка ризница „Марика, мома убава” од Зографски и „Галебе мој” од Прокопиев.
Весна Гиновска Илкова во својата богата музичка кариера има настапувано на бројни светски познати музички сцени и со врвни музички партнери. Во Бугарија има остварено неколку значајни оперски улоги, настапувајќи со најпознатите бугарски музички имиња.
Гостувањето на Весна Гиновска Илкова го реализира Културно-информативниот центар на Македонија во Софија со поддршка на Министерството за култура.