Поскок касна 14-годишно дете

Од:

Поскок касна 14- годишно момче од радовишкото село Али-Коч, додека тоа ги напасувалo овците. Со симптоми на труење момчето е хоспитализирано на инфективното одделение во штипската клиничка болница.

Медиумите јавија дека семејството на 14-годишното момче реагирало брзо, па лекарите имале доволно време за да му помогнат.

Серум против змиски отров има во доволни количини, но инфектолозите апелираат каснатото место да се стерилизира и веднаш да се побара медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области

Горан Наумовски

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот