Поповска предлага една изборна единица со ист број жени и мажи на листите

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ го поддржа предлогот за измена на Законот за избори со една изборна единица, поднесен од Павле Трајанов.

Како што пишува во соопштението на ДОМ, една изборна единца била нивна повеќегодишна желба.

Поповска планира да поднесе амандмани на законот и за еднаков број на жени и на мажи на отворени листи.

„Сиве овие промени ќе овозможат самостоен настап на партиите во центарот и на малцинските партии и формирање постизборни коалиции со подемократски влади, без апсолутна доминација на една од најголемите партии. Убедени сме дека промената на изборниот модел во оваа насока ќе биде трајна инвестиција во стабилноста и во граѓанскиот карактер на државата“, пишува во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација