Во Кампот на слободата, во кој повеќе од 23 дена се бара оставка на владата на Никола Груевски, вечерва ќе се одржи дебата на тема „Збогум Никола“.
Ќе говорат Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ; Мухамед Арслани, политиколог и граѓански активист; Сања Раденовиќ Јовановиќ, архитектка и Замир Мехмети, граѓански активист.
Дебатата во живо ќе може да се следи и на Плусинфо, благодарение на официјалниот Јутјуб-канал на СДСМ.