Кривична пријава за убиство во обид за Тетовчанец

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д. (31) од Тетово за убиство во обид, а судија во претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, М.Д. е осомничен дека во тепачката што се случи во неделата околу 19:00 часот пред кафе барот „Биби“ во Тетово, со нож им нанел повеќе убоди и расеченици по телата на двајца браќа на 38 и 50 години.

М.Д. уште во текот на денешниот ден, според Јосифовски, ќе биде пренесен во притворското одделение на затворот во Шутка.

Двајцата браќа поради сериозноста на здобиените повреди уште во неделата од тетовската клиничка болница беа префрлени на скопските клиники. Едниот, кој се уште е во животно загрозувачка состојба, се уште се наоѓа на болничко лекување, додека вториот по укажаната лекарска помош е пуштен дома.

– Против двајцата браќа, како и уште едното лице кое заедно со нив учествувало во тепачката со М.Д. полицијата поднесе пријави за учество во тепачка, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари