Поштар присвојувал пари од граѓани

Од:

Гевгелијската полиција поднесе кривична пријава против Б.Б.(44) од Гевгелија, поштар во АД „Македонска пошта“ подружница Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторени седум кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, четири кривични дела „послужување во службата“, две „проневера во службата“ и едно дело „затајување“.

Во периодот од 2013 до јануари 2015 година, пријавениот во службените простории на поштата незаконски се послужувал и присвојувал парични средства од повеќе лица кои ги уплаќале паричните средства и тоа во два наврати од две лица во износ од 89.359 денари кои требало да ги уплати на нивните штедни книшки ги присвоил за себе, а потоа внел невистинити податоци во книшките.

Исто така, во повеќе наврати од други лица кои уплаќале парични средства за сметки паричните средства ги присвојувал за себе, притоа фалсификувајќи ги потписите во уплатниците.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски