(ВИДЕО) Забрчанец: ЕУ и САД имаат подеднаква одговорност за стабилноста на Македонија

Од:

Од преговорите во Брисел очекуваме да се гарантира процес кој ќе ја обезбеди стабилноста и демократичноста во Македонија, а не процес кој ќе помогне за развој на нечија политичка кариера, изјави граѓанскиот активист, Марјан Забрчанец, во име на 61 невладина организација кои денеска доставија писмо до амбасадите на ЕУ и САД во пресрет на преговорите кои утре треба да се одржат во Брисел.

Со писмото се реагира на изјавата на еврокомесарот, Јоханес Хан, каде тој дава позитивна оценка за претходните изборни циклуси, се напоменуваат бројните изборни нерегуларности и се повторуваат црвените линии кои ги подвлече невладиниот сектор и опозицијата, а со кои се бара идните избори да не бидат организирани од владејачките политички елити кои се компромитирани по „бомбите“ на опозицијата.

-Вчера уште еднаш се уверивме дека власта на големо го кршела член 17 од Уставот со кој би требало да се гарантира тајноста на општењето и комуникации на граѓаните. Вчера десет граѓански организации се соочија со својата вистина, со доказ дека биле прислушувани, дека власта го знаела секој нивен чекор однапред. Дали власта која ги прислушува своите граѓани и цивилниот сектор, кој е критичен, власт која одбива јавни дебати, власт која своите граѓани ги нарекува Индијанци и човечиња, дали таква власт може да се корегира? Не може и затоа мора да си замине – посочи Забрчанец.
-Упатуваме апел и до ЕУ и до САД дека одговорноста за стабилноста и демократичноста на Република Македонија, не е повеќе само на граѓаните, туку е заедничка и споделена. Одговорноста е наша, домашна, но меѓутоа и нивна и на меѓународната заедница. Потенцираме дека преговарачкиот процес воден од Хан не смее да се толкува како договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и други полит партии, овој процес мора да ја гарантира стабилноста и демократичноста на Република Македонија – додаде тој.

Би можело да ве интересира

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револт кон власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Предраг Петровиќ