Американската копнена војска привремено го затвори својот сајт откако групата, која е позната како !„Сириска електронска армија“ го хакираше и на него стави своја порака, информираа британските медиуми.
Во соопштението на копнената војска се посочува дека хакерите нападнале елемент од соддржината на сајтот www.army.mil.
-Откако го дознавме тоа, копнената војска ги презеде соодветните превантивни мерки за да не дозволи упад во базата на податоци, привремено затворајќи го сајтот, изјави генерал Малколм Фрост, началник на одделот за врски со јавноста во копнената војска.
Според американските медиуми, хакираниот сајт не дал никаква тајна информација и е наменет главно за популаризирање на армиската служба меѓу населението, забележува ТАСС.
На порталот се „зачауваат“, исто така, последните вести за американската копнена војска.
Таканаречената „Сириска електронска армија“ ја презеде одговорноста за кибер нападот, јавувајќи се со соопштение на Твитер. Групата, што го поддржува претседателот Башар Асад, и претходно ги напаѓаше сајтовите на медиумите низ целиот свет. Меѓу нив се оние на весниците „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Гардиан“, телевизиите Си-Би-Ес, Би-Би-Си и Ал Џазира, како и страниците на Твитер на „Асошиетед прес“ и „Франс прес“.