Собранието на Косово ќе гласа за нормализација на односите со Белград

Од:

Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, денеска поднесе во косовското собрание предлог резолуција за нормализација на односите со Белград, која пратениците ќе ја разгледуваат во Среда или четврток.

Покрај ДПК, Алијансата ново Косово, самостојната Либерлана партија и коалицијата „Шест плус“ кои ја предложија Резолуцијата за нормализирање на односите на „двете суверени и независни држави“, тој документ го поддржува и опозиционата Алијанса за иднината на Косово.

Во предложениот текст на резолуцијата се истакнува дека „Собранието на Косово ја поддржува нормализацијата на односите меѓу двете суверени и независни држави во интерес на решавање на проблемот кој постои меѓу двете држави , подобрување на животот на граѓаните и унапредување на европската агенда за двете држави и за регионот“

Во Резолуцијата се истакнува дека и нејзините резултати треба да бидат во согласност со „суверенитетот на Косово, меѓународниот субјективитет, територијалниот интегритет и внатерешното уставно уредување на Косово“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица