Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата „Светска влада за светски мир“ од новинарот и политички аналитичар Аце Сајкоски.
Книгата е објавена на 70-годишнината од завршувањето на Втората светска војна и обновувањето на Организацијата на обединетите нации и, врз основа на историски факти и документи, претставува иницијатива за светски мир кој би се остварил со доследна реализација на Универзалната декларација за човекови права донесена на Генералното собрание на ООН уште во 1948 година.
– Авторот Сајкоски смета дека само со формирање на светска влада и на меѓународен политички, правен и економски систем кој ќе ги почитува основните човекови вредности може да се избегне апокалипсата на трета светска војна. Во предговорот на оваа книга, авторот наведува дека покрај светската влада која би имала 24 министерства, во Заедницата на обединетите нации би функционирала и независна правосудна власт. За да се избегнат можни недоразбирања во седумчленото претседателство на оваа организација ќе бидат назначени претставници на САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и Кина, соопшти издавачот.
Сајкоски во делото „Светска влада за светски мир“ дава и конкретни предлози за изборот на членови на светската влада, но и за економскиот систем во светот кој би за функционирал на многу поправедни основи.
Покрај печатено, книгата има и електронско издание и наскоро ќе биде промовирана во Скопје, а како македонска иницијатива ќе биде поднесена пред меѓународните институции и пред ООН.