Два приградски воза се удрија синоќа во близина на Буенос Аирес при што најмалку 40 лица се повредени, јави претставник на аргентинските власти.
Несреќата се случила на железничката станица Темперлеј, на 21 километар од главниот град на Аргентина, јавува БТА.
Според првичните податоци едниот воз удрил во друг, кој маневрирал. Најверојатно едниот од машиновозачите не внимавал на сигнализацијата и не запрел навремено.