Американскиот претседател Барак Обама денеска ја повика Велика Британија да не ја напушта Европската Унија.
– Ние со нетрпение очекуваме Обединетото Кралство да остане дел од ЕУ, изјави Обама на средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон, одржана на маргините на Самитот на Г-7 што се одржува во германскиот град Крин.
Според Обама, Велика Британија би требала да остане во ЕУ поради „позитивното влијание што нејзиното лидерство го има врз Унијата и светот“.