„Автентични гласови: личности, дела, настани“ – нова книга од Раде Силјан

Од:

Во издание на „Матица македонска“,излезе од печат книгата со критики, есеи и записи „Автентични гласови: личности, дела, настани“ од Раде Силјан.

Во своето најново дело, конципирано во четири целини, авторот застапува 34 текстови за истакнати македонски писатели, научници, историчари и сликари.

Во првото поглавје посветено на Тековите на македонската поезија, главен акцент става на творештвото на Константин Миладинов, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М.Андреевски, Ефтим Клетников…

Низ опширни анализи и толкувања во вториот и третиот дел, Силјан пишува за творештвото на Димитар Миладинов, Марко Цепенков, Стојан Христов, Владимир Костов, Ташко Георгиевски, Иван Чаповски, Паскал Гилевски, Блаже Ристовски, Стефан Влахов Мицов, Кирил Пенушлиски, Танас Вражиновски и Димитар Ќорнаков.

Во четвртото поглавје насловено како Записи публикува прилози за првиот превод на македонски јазик на Светото писмо, за книгата како духовен трезор на народите и за сликарството на Коле Манев и Васко Ташковски.

На крајот од книгата се дадени регистар на лични имиња, како и регистар на дела, книжевни списанија, манифестации и награди.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи