Маки со жените

Од:

Пешчаник – Белград

Мажите во Србија имаат големи маки со жените. А таа мака умеат и да ја скратат со ладно, а се почесто и огнено оружје.

Убиецот од Мартинош наводно направил масакр на свадба за да го спаси својот син од маките кои тој ги имал во бракот.

Заклучно со убиствата во Мартинош, Лозовик, Чачак и белградскиот хотел Славија, за помалку од пола година во Србија се убиени речиси толку жени колку цела ланска година. Тоа е уште далеку од Ел Салвадор или Хондурас во кои само во првата деценија на 21 век убиени се над 3000 жени. Хондурас инаку е озлогласен според високиот степен на политичка и полициска корупција, по организираниот криминал на генгови и слични општествени симптоми кои ни се познати и на нас. Впрочем, да немаше тешка корупција и злоупотреба во полицијата, злосторството во Мартинош можеби немаше да се случи. Но, сепак знаеме дека дури ни притисокот на полицијата да си ја врши својата работа не ја решава оваа застрашувачка и се позачестена појава.

Исто така, сите знаеме дека фемицидот е само екстремен симптом на систематско семејно насилство и злоставување, кое во 90 отсто случаи се однесува на насилство на мажите над жените и кое кај нас е присутно до степен на општествена ритуализација. Што се однесува до општественото поимање на насилството над жените во семејството, нема што многу да се додаде на дефиницијата од декларацијата на ОН за елиминација на насилството над жените:

– Насилството над жените е искажување на историските нееднакви односи на општествената моќ меѓу мажите и жените кои доведоа до дискриминација и доминација над жените од страна на мажите и до спречување на целосен напредок на жените. Насилството над жените е еден од основните општествени механизми на кои се присилуваат жените да бидат во подредена положба во однос на мажите. Насилството над жените е пречка во постигнување на еднаквост, развој и мир.

Значи, се работи за проблем кој не е никаде искоренет (иако има примери како што е Исланд каде од година во година не е забележан ниту еден случај на фемицид) и кој ниту еден политички систем до сега во историјата не го спречи бидејќи патријахатот е основ и на денешните владејачки идеологии.

Од тука насилството по правило се толкува како ексцес кој го прават некои психопати, но не и како идеолошки симптом. Ако насилството над жените е пречка во постигнување на еднаквост, развој и мир, тогаш тоа е еден од најзначајните општествени и политички предизвици, универзален а не партикуларен проблем. Што може да се каже дека ова не е проблем во чие мешање и решавање можат и треба да се заземат само разни статистички служби или невладини организации и нивните активистки и активисти. Кога се во прашање вакви проблеми, општеството не може да се дели на стручни и на нестручни, бидејќи на тој начин нерешениот проблем се делегира на тие за кои се претпоставува дека знаат нешто што другите не го знаат, т.е. на тие за кои се претпоставува дека имаат инструменти нешто да спречат и решат, а кои другите ги немаат. Така се создава само забуна околу улогата на организациите кои со тоа активно се бават, бидејќи тоа на општеството дава само илузија дека веќе има таму некој кој се грижи за тоа, па не мораме и ние.

Но и така нашето општество тешко може да се наговори да се повинува на експертите. Затоа меѓу граѓаните и постојат разни толкувања на овој фемицид, па дури и разни идеи за можни решенија. Тие толкувања не се стручни, но секако се политички. Блиските до конзервативните вредности во насилството ќе видат доказ за уништување на вековниот патријахален универзум, криза на бракот (за кој жените се обвинувани многу почесто од мажите), но и заборав на бога, како и секако кобно повинување на отуѓената западна култура и сл. Либералната позиција пак ќе потенцира дека се работи токму за недостиг на тие западни вредности, за културниот примитивизам на балканскиот маж, неговата небразованост и на сите наследени навики во секојдневието кое е специфично за нашето поднебје. Додека во левицата главно се поаѓа од констатацијата дека сето тоа е последица од сиромаштијата и екстремната нееднаквост внатре во капиталистичкиот поредок. Меѓутоа, врз основ на достапните статистички податоци не можеме да заклучиме ни едно, ни друго, ни трето.

На пример, европските земји во кои се бележат најмногу случаи на фемицид не ги карактеризира сличен степен на сиромаштија, ниту иста културна традиција или климатско поднебје, а уште помалку сличност по сила или слабост на патријахалните или религиските вредности. Така во Европа според бројот на убиени жени по глава на жител најпознати се Литванија, Финска, Кипар, Австрија, како и Хрватска, а се повеќе и Србија, иако тоа се менува од година во година. За многу земји кои не се во ЕУ, посебно за азиските (вклучувајќи ја и Јапонија која е озлогласена според половата нерамноправност), податоците се речиси недостапни, па тешко може да се открие некој образец. Но, ова не значи дека меѓу зачестените толкувања треба да се најде некое средно решение бидејќи тоа само ќе придонесе за релативизација на фемицидот. Таква компромисна синтеза би гласела дека тука се работи и за криза на бракот и семејството и за примитивни и назадни навики, за сиромаштијата, т.е. за сето тоа заедно. Тој вид на псеудо-теориска сеопфатност е можеби основна причина за нашата неспособност да разбереме што се случува и неможност да се снајдеме во бројните одговори.

Целото прашање е уште едно од тие нерасветлените, несфатените и недопирливите општествени зла, на кои општеството не наоѓа одговор, па така се чекаат експерти, професионалци во својата работа, да се позанимаваат со тоа во наше име. Тоа е многу слично на онаа флоскула дека историјата треба да ја препуштиме на историчарите, која се наведува како единствен спас од сегашните општествени тензии поради симболичните и вистинските ефекти од историскиот ревизионизам.

Мислам дека тоа е опасна теза. Препуштањето на општествените проблеми на експерти, професионалци, создава парцијализација на мислења, изолација и отуѓеност на интелектите, додека спречува појава на колективен интелект, т.е. остварување на интелигенцијата на еднаквите. Бидејќи токму кога е во прашање насилство во семејството, сите можеме да бидеме експерти. И таа еманципација на заедничкото знаење токму на овој пример може да се покрене. Но, кои се всушност нашите апарати?

Затоа да појдеме од друга страна, од страна на научната заедница која треба да овозможи на сите да запознаат и користат одредени мислечки апарати, да воспостават вокабулар и да ја насочат праксата на говор за такви општествени нарушувања. Тогаш, која е таа струка задолжена да се занимава за мислењето за фемицидот? На пример, дали е тоа психологијата или социологијата? Дали тоа се правници или економисти? Политиколози или криминолози? Или можеби теоретичари во медиумите? И дали меѓу нив треба да има повеќе мажи или жени? (Бидејќи барем на универзитетите во Србија, значи во самата академска заедница, барем кога се општествените науки во прашање, жените постигнуваат се поголема рамноправност при вработување и нивното влијание и одговорност во академската свера не може повеќе да биде занемарено).

Наспроти неопходната трансдисциплинираност во општествените науки, тие на нашите универзитети остануваат зачаурени во табори и феуди бидејќи така е поедноставно да се заштитат личните кариерни интереси скривајќи се зад митото за партикуларна наводна стручност, за која постојат можеби квантитативни но не и квалитативни вреднувања, а ако и постојат, нив ги воспоставува таа иста саморепродуктивна заедница. Нашите општествени науки не само што не се трансдисцплинирани, тие упорно одбиваат какво било теориско освежување на сопствените методолошки постапки, па дури не постигнаа ни значајна интердисцплинарност која тоа освежување може да го донесе.

Така на пример, тие во континуитет одбиваат и некои општествено-теориски дисциплини кои веќе имаат традиција во последните сто години. Една таква дисциплина, која на пример би била корисна за нашата тема, е теориската психоанализа, но интерес за неа не покажаа дури и некои инаку уважени професори по психологија, а да не зборуваме дека таа за студентите по социологија, антропологија, право или економија, целосно е непозната илу дури отфрлена како непотребна. Додека Фројд како голем мислител можеби и се спомнува на некој кат на Филозофскиот факултет, меѓу неговите наследници, а посебно тие кои значително го развиле теорискиот апарат и отвориле нови хоризонти за психоанализата како теоретска дисциплина (а не само психоанализа како специјализирана клиничка, медицинска пракса), главно остануваат надвор од постоечките курикулуми на општествените науки, а често и однапред демонизирани како некакви шарлатани, што посебно се однесува на теоретскиот придонес на Жак Лакан и неговото мислење. Секако, интерес кај студентите и некои истражувачи постои, но тој е раштркан и неинтегриран во образовниот систем, а да не зборуваме дека во средно училиште зборот психоанализа не се ни спомнува.

А она што тероетската психоанализа примарно не учи тука би можело да биде важно да се наведе: не постои гола раздвоеност меѓу внатрешно-психичкиот и надворешно-општествениот живот.

Односно, не постои еден раздвоен сет на проблеми кои од една страна, на пример, ги решаваат невропсихолози (човек како хемиски систем кој се однесува во согласност со тој систем однапред запишан на обрасци), а од друга страна професионални социолози (човек кој не го произведуваат општествените образци и општествената пракса). Исто така, за теоретската психоанализа ова не е прашање за наоѓање на дијагноза за тој кој е во состојба да убие некого, како и некои одговори од општество на изолирана психопатологија, туку проучување на структури и меѓуодноси на психичкото и општественото, што се однесува до сите нас, а не само на тие за кои се смета дека се нарушени и дека поради тоа прибегнуваат кон насилство.

Бидејќи, токму тука се работи за онаа комплексна структура во која се прекршуваат три меѓусебно зависни лакановски регистри или поредоци – Имагинарното, Симболичното и Реалното. Но, психоанализата исто така укажува и на тоа дека несвесното е структурирано како јазик, како и дека во јазикот, во форма на коуминакциите, се наоѓаат симптоми, кои не се ни координирани означувачи кои треба да се дешифрираат за да го дознаеме нивното скриено значење. Симптомите содржат она што Лакан би го нарекол чисто Уживање и што може да биде дефинирано како начин на кој секој субјект ужива несвесно толку колку што несвесно го одредува субјектот. Симптом е тој кој ги увезува наведените три регистри и претставува всушност некакво вишок на значење кое е надвор од значењето, бидејќи тоа што го нарекуваме значење се конституира во интерсекција на Имагинарното и Симболичкото.

Затоа целта на теориската психоанализа не е во тоа да ни објасни нешто што не знаеме за себе, туку да не соочи со вознемирувачкото делување на тоа што веќе го знаеме, но или постојано ни бега или го потиснуваме, а се наоѓа тука пред нас и до нас.

Зошто, на пример, полицијата не обрнува внимание на пријавените случаи на семејно насилство, се додека не се случи убиство? Не само затоа што таа е корумпирана (како во случајот со началникот на полицијата од Кањижа, ловечки другар на убиецот), туку и затоа бидејќи јазичното потекло на насилството е целосно нормализирано, па и очекувано во кризни семејни состојби. Не е ли речиси нормализирано во брачниот и љубовниот живот да се користат различни форми на вербално злоставување и закани и жените подеднакво да се сметаат за одговорни за такви настани?

Силата на фолклорните искази од типот – ќе те убијам ку*во, па макар да одам во затвор, е таква што се толкува спротивно од тоа на што отворено укажува: иако со нив манифестирачки се воспоставува сцена за театралност на насилен чин, се смета дека тоа е само празна закана, која само во ретки патолошки случаи се извршува. Значи, тоа што убиството во најголем број на случаи не следи зад ваквите искази, се зема за доказ за ирелевантност на таквата употреба на јазик, како и за тоа дека само некој кој е психички болен навистина и ја реализира својата закана. Па така и психоанализата, кога воопшто и ќе се земе предвид, се однесува на евентуален третман на психопат, кој го врши тоа што го кажува, па повторно општествениот проблем е делегиран на експерти, на некој психоаналитичар.

Тука лежи и нашата дилема околу улогата на медиумите во сето ова. Познатата е дилемата дали порастот на присуство на насилство (посебно сексуалното) во медиумите резултира и со вистински раст на насилството или не. Но, точно е дека насилство имало и пред да го гламуризираат масовните медиуми, повторно постои очигледна рецептура за инсценирање на насилство во претстави кои ги генерираат медиумите. Во таблоидниот печат вестите за насилство над жените редовно се следени со некоја речиси мека порнографска фотографија на злоставувана и понижена жена, значи веќе театрализирано и кореографизирано со визуелен образец.

Или на пример, она познато прашање на една водителка упатено на жртва на инцест – дали доживеала оргазам додека татко и ја силувал?
Ваквиот дискурс така едноставно имплицира вклученост и безмалку соработка (а да не кажам и Уживање) кое го има жртвата на насилство. Значи психопат кој на крај и ја убива својата жртва има веќе однапред припремена симболична сцена за својот чин. И не може само тој да биде предмет на анализа туку токму таа цела сцена, мизансцен на насилно дело. Бидејќи само така ќе се спасиме од партикуларното гледање на секој поединечен случај според кој насилникот е само психопат (значи целосно различен од нас), а неговата жртва исто така дисфункционална, па и соучесник, повторно за разлика од нас кои сме нормални и наводно не би дозволиле да ни се случи нешто такво. Според вакво гледање, ние не само што се гордееме со тоа дека не сме налик на психопат подготвени на убиство, туку и со тоа дека не сме налик ни на неговата жртва: т.е. со тоа што немаме емпатија кон насилникот, немаме емпатија ни кон жртвата. Бидејќи и тој и таа од нас се поинакви.

Во лакановската психоанализа не постои такво нешто што би го нарекле автономен субјект, некаква психички здрава индивидуа која не само што врши насилство, туку умее да се справи со насилството. Субјектот е секогаш ианугуриран со јазикот и преку јазикот и секогаш се однесува во однос на другите и во однос на јазикот во кој ќе се затекне. Така сосема очигледно е во сите наведени понови случаи на фемицид, а не се работело за некој изненаден и автономен афект во кој убиецот подпаднал бидејќи е поинаков од нас. Сите овие убиства всушност секогаш се однапред смислени, па дури и најавени. А тој момент на актуелизација е недопирлив простор меѓу личното психичко пореметување и општествениот контекст, т.е. место каде изворот за насилство не е ни едното ни другото, туку токму нивната кобна синергија.

Нема никакво сомневање дека актуелната политичка и економска состојба во Србија директно произведува раст на семејното насилство. Но, што во тој систем претставува иницајлна каписла? Сигурно не едноставниот заклучок дека тоа е само нашата делирична власт. Напротив, тоа е се она што во општеството е содржано, што и обезбедува доминација на политиката на власт, т.е. избира свој Господар. Поради тоа насилството во семејството е навистина проблем клучен за разбирање и на сите други прашања околу кои постојано си ја чукаме главата. Тоа лежи токму во оној меѓупростор меѓу кокошката и јајцето, општеството создава услови за насилниците, насилниците создаваат услови за општеството.

Во која точка се препознава таа врска меѓу општествените идеологии и психичките структури? Тоа место е токму Уживањето на Лакан, кое не треба да се меша со поимот Задоволство, бидејќи се наоѓа надвор од фројдистичкиот принцип на задоволство. Уживањето не е обично задоволство, бидејќи подразбира ексцес на страдање и трансгресија и токму тука е алката меѓу сексуалноста и насилството, што по правило и го карактеризира семејното и брачното насилство. Насилството кон жените значи се однесува токму на тоа Уживање. Бидејќи Уживањето е поврзано со нагонот за смрт, па дури, како што вели Лакан и патека кон смртта. Впрочем голем број на фемициди внатре во бракот и семејствата се завршуваат и со самоубиство на убиецот.

Поимот Уживање е централен за она што се нарекува идеолошка фантазија, бидејќи идеологијата и фантазијата е основен канал низ кој симптомите се појавуваат за потоа да се доместификуваат во некој општествен поредок. Идеолошката фантазија е модалитет на имагинарното, кој го поддржува Уживањето и кој е основ за оперирање на идеологијата, бидејќи идеологијата по правило е ветување на можност за враќање на некое примарно Уживање. На пример, националистичката идеологија секогаш ветувањето на враќањето на некоја илузија за целовитоста на нацијата која кога би била предизвикана, неостварена и фрустрирана, токму може да биде екстернализирана во насилство над жените, или на пример кон имигрантите или било кој друг за кој се мисли дека ни го украл тоа Уживање. Додека идејата за целокупниот субјект во националистичките идеологии е поврзана за прималното Уживање на целата нација, капиталистичко-пазарната идеологија се темели на стоковиот фетишизам и воопшто на конзумеризмот како локација за Уживање.

Значи, ни кризата на бракот, ни кризата на културата, па дури ни кризата на општеството не можат да го објаснат растот на семејното насилство, туку тоа пред се е делување на здружени идеологии. Не сме завршиле, како што тоа го слушавме кон крајот на 80-тите години, во некаква пост-идеолошка состојба, туку напротив, сведоци сме на синергија на идеологии, нивно јакнење преку меѓусебна поддршка. Така имаме барем двајца голем идеолошки Господари, од една страна Нацијата, а од друга страна Капиталот.

И токму растот на фемицидот е резултат на идеолошкото синтетизирање и умножување на Господарите.

Тоа е оној момент кога клупчето на националното уживање и стоковото уживање повеќе не може да се размрси и кога овие две уживања истовремено делуваат заедно и делуваат едно против друго, како еден вид на лажна дијалектика. Секако, ни жените не се имуни на идеологијата. Не затоа што некои од нив посебно ги погодуваат жените, туку поради тоа што постојат две сублимни улоги кои се доделени на жените во тие идеологии и многу жени се подготвени прифаќајќи ги тие улоги да учествуваат во репродукција на патријахатот.

Во националистичката идеологија тоа е фигурата на Мајката како централна за репродукција на националистичките митови и како ултимативна зона на безбедност на секој патријахат. Во капиталистичката идеологија тоа е жената како сексуализиран предмет во машка сопственост (џирло-девојка, манекенка која зборува), значи сам еквивалент на стоков предмет, што упатува на законитоста на стоковиот фетишизам како носител на Уживањето.

Маките со жените настануваат токму кога жените почнуваат да ги одбиваат тие две идолошки улоги. Така тие стануваат идеолошки непослушни и мора да бидат спречени. Насилникот само драстично ја екстернализира колективната патријахална одмазда за женското неповинување на доделените улоги. Од тука постојат тие натписи (а ги имаше во таблоидите колку и во тие весници за кои велиме дека се весници) за се поголем број на мажи кои не можат да најдат жени кои би се омажиле за нив, бидејќи тие жени подлегнале на негативните читај феминистички влијанија и нема туку така да се мажат, затоа што од нив се очекува да се омажат и да раѓаат деца на тој маж кој ете едноставно не може да најде жена.

Па тогаш и таквиот еден маж може и да стане силувач и убиец бидејќи тие себични жени нема со него да стапат во брак. (Конечно, веројатно не постои појасен образец за омраза кој ја поврзува одмаздата за непослушноста кај жените по двата наведени основи од таа омраза и закани упатени на организацијата на Жените во црно).

Според таа логика решението за проблемот со насилствата не е помалку бракови, туку повеќе бракови. Бракот како институција каде главно насилството и се случува, станува одеднаш решение за тоа исто насилство. И така наместо помалку патријахат, се предлага повеќе патријахат. Како што конечно и наместо помалку капитализам се предлага повеќе капитализам и поголема превласт на приватната сопственост. А што ќе правиме со тоа што еден од основните проблеми за спречување на семејното насилство е токму тоа што општеството тоа насилство го смета за приватен проблем на насилникот и неговата жртва?

Соседите и полицијата често многу добро знаат за систематското семејно насилство, но велат дека не можат да се мешаат во нечии приватни работи. Во таква ситуација, убиената жена не е ништо друго туку приватна сопственост на мажот или партнерот кој ја убил. Од тука е јасна врската на митот за семоќта на приватната сопственост и темата за која тука се обидовме да пишуваме. Ако насилството над жените е прашање за нееднаква моќ, тогаш токму митот за природноста на приватната сопственост, на таа сопственост и дава неограничена моќ. Така и добиваме парадоксална состојба дека тоа што идеолошкиот ефект на патријахатот, национализмот и капитализмот се прогласува за патологија предизвикана надвор од тие идеологии и која тогаш треба да се лечи со зацврстување на тие исти идеолошки образци кои всушност ги произведуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ