Загина 21-годишен тракторист од Делчево

Од:

Дваесет и едногодишниот Дарко. Т од Делчево загина вчера попладне во несреќа со трактор.

Според МВР, во 13:30 часот вчера при возење низ шумски пат на местото викано „Киселица“ на планината Огражден од лежиштето на тракторот со кој управувал Дарко. Т, а чиј сопатник било 16 годишно момче од село Василево, излегло предното лево тркало.

Момчињата стапиле во контакт со сопственикот на тракторот кој им посочил да го остават тракторот и да тргнат пеш за „Палазлија“ од каде ќе ги земел со возило. Не го послушале и продолжиле со движење на три тркала. Ооколу 14 часот кај местото „Лакита“ изгубиле контрола, тракторот се превртел, при што Дарко Т. бил пригмечен од кабината во пределот на градниот кош и починал на местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот од ЈО и екипа на СВР-Струмица.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина