Еден од клучните играчи на Кливленд Кајри Ирвинг поради повреда на коленото го напушти првиот финален натпревар за време на продолжението. Кон средина на продолжението во еден напад Ирвинг се повреди, а дотогаш имаше постигнато 23 поени, со седум скокови и шест асистенции.
Ирвинг во текот на годинашниов плеј оф веќе имаше проблем со повредите и пропушти неколку натпревари, а и претходно сезонава имаше проблем со коленото. Поради тоа неизвесно е дали тој ќе може да и помогне на својата екипа (Кливленд) во борбата за шампионската титула. Деталните лекарски прегледи ќе бидат клучни за тоа дали Ирвинг ќе ја продолжи финалната серија.
Следниот натпревар се игра во недела навечер истотака на теренот на Голден Стејт, кој води со 1-0 во победи.