Тетово: Му го крадел радиото од автомобилот и го избол со штрафцигер

Од:

Во Полициската станица Тетово, Љ.Р.(76) од с.Мала Речица вчера во 17:10 часот пријавил дека околу 11:30 часот на паркинг простор „Арабати Баба Теќе“ го имал паркирано своето патничко возило „Ауди А-4“ со тетовски регистарски ознаки, но кога се вратил, внатре во возилото затекнал непознато лице кое во моментот го извадил радио касетофон, а кога го запрашал што прави сторителот му рекол да не вика.

Кога оштетениот сакал да го задржи сторителот и да повика полиција, истиот го турнал, го оставил радио касетофонот, успеал да ја отвори вратата од возилото, излегол и со штрафцигер му задал удар во пределот на левата рака, по што му нанел видлива повреда-расекотина, а со другата рака го удрил со тупаници и се упатил во непознат правец.

Полицијата изврши увид на местото на настанот и презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина