Руски ботови ја напаѓаат Србија

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Људа Савчук 34 годишна самохрана мајка на две деца, раскажува слободно за своето искуство додека работела за Фабрика за тролови, моќна пропагандна машинерија на Кремељ, која го користи интернетот за дезинформирање на руската и на американската јавност.

Поранешните колеги на Људа Савчук, работат цели 12 часа, додека организацијата оперира нон-стоп, ширејќи по Русија и надвор од неа верзија на светот која ја пропагира претседателот Владимир Путин.
Новинарката Савчук дала отказ по само два месеца работа:

– Знаев дека организацијата е лоша, но не ни сонував колку е ужасна и огромна.

Савчук објаснува дека растурачите на дезинформации уредуваат неколку медиумски налози под различни имиња на интернет, додека задачата на отсекот во кој работела била да произведе по 160 интернетски ботови, т.е. пропагандни прилози во смена.

Во некои од одделенијата пропагандистите секојдневно исто така добивале нови инструкции за тоа што треба да пишуваат и како најдобро да предизвикаат одредени емотивни реакции кај своите корисници.

Многу вработени се млади луѓе привлечени со релативно високи плати, од 800 до 1.000 долари месечно, вели Савчук.
– Ботови има на секаде на интернет, на сите портали кои ќе ги посетите: информативните, општествените, медиумите, сајтовите во живо, секаде ги има, тие се вистински ноќен кошмар. Се кријат под разни имиња и онлајн профили, ги има насекаде и пропагираат што сакаат.

Истото го наведуваат и други поранешни ботови. Меѓутоа, Савчук прва се согласи да не зборува анонимно. Во локалните медиуми се објавени натписи за постоење на т.н. Агенција за истражување на интернетот, која ја води и финансира личниот готвач на Путин и личен пријател.

Според извештаите, целата операција ја контролира Кремљ, кој го засили своето присуство на интернет по анти-Путиновите демонстрации кон крајот на 2011 година и почетокот на 2012 година. Протестите беа организирани на интернет.

Бројот на ботовите нагло се зголеми откако Русија лани стана предмет на внимание на Западот поради вмешаноста во украинската криза. =

Пропагандната машинерија на Кремљ значително влијаеше на рекордната популарност на рускиот претседател. Ботовите остваруваат успеси и во други земји, како на пример во Србија, која се најде во процеп меѓу своите традиционални врски со Русија и желбата да се приклучи на Европската унија.

Неколку помали српски десничарски партии, кои примаат политичка и финансиска поддршка од Москва, имаат сопствени ботови, наведуваат аналитичарите.

Појдоа во акција веднаш по убиството на рускиот опозиционер лидерот Борис Немцов во Москва во почетокот на годината.

– Кој има најголема корист од неговото убиство, од Америка? Мора да е ЦИА – се коментираше во разговорите и во коментарите на некои информативни портали.

Во Србија владее широка убеденост дека режимот во Киев е неонацистички, дека Путин со право изврши анексија на Крим и дека источна Украина припаѓа на Русија.

– На крај доаѓаме до тотално загадување на јавната сфера со измислени историски податоци и врски меѓу Русија и Србија и индоктринациија за тоа што се случува денес, како и за руската улога во светот – вели Јелена Милиќ, директорка на Центарот за евроатлански студии во Белград. Новинарот Андреј Сошњиков меѓу првите го обелодени постоењето на фабрика за тролови во која работела Савчук.

Тој вели дека биле вработени околу 400 луѓе и дека целата операција се преселила во поголема зграда по проширувањето во март 2014 година, кога е анектиран Крим.

Сошњиков вели дека изминатите неколку месеци почнал процесот на вработување на ботови со познавање на англиски јазик, во рамки на операцијата за придобивање на американското јавно мислење. – На новите ботови им е кажано да се прават како да се обични американски државјани кои одеднаш преминуваат на Раша тудеј и откриваат дека Русија е единствена света земја, дека претседателот Обама е крвав диктатор и дека вистинската слобода на говор постои само во Русија – вели Сошњиков.

Се очекува на самитот на Европската унија во јуни да биде разгледан план за спречување на пропагандната машинерија на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда