Осми Младински пролетен салон на тема „Минијатура“

Од:

Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во објект Мала станица ќе го отвори осмиот Младински пролетен салон на тема „Минијатура“, кој ќе претстави различни дела: цртеж, слика, графика, скулптура, колаж, видео, фотографија, компјутерска графика и дела во комбинирана техника – сите изработени во мал формат.

– Изработката на едно ликовно дело е сложен творечки процес, и без разлика дали се работи за огромна површина на ѕид или платна, или сосема мало уметничко парче, потребно е да се вложат исклучителни напори и креативност во процесот. Проблемот на обработка е перспективата, мотивот, композицијата, симетријата, рамнотежата, единството, кои се присутни и на мал простор, соопшти НГМ.

Изложбата ја организира дидактичко-едукативниот сектор во Националната галерија на Македонија, а селектор на салонот е Ацо Таневски, ликовен едукатор во НГМ.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи