Меѓународен ден на животната средина

Од:

По повод 5 јуни – Меѓународниот ден на животната средина денеска ќе се одржат повеќе настани со кои ќе се испратат пораки за зачувување на планетата Земја.

Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со еколошкото здружение „Гоу Грин“ организираат конференција на тема „Откријте го вашиот обновлив потенцијал“. Целта на конференцијата е кај младите да се стимулира едукација и практично искуство и да се подигне свеста за масовната потрошувачка на ресурсите кои ја движат економијата, но истовремено ја прават неодржлива.

Во рамки на одбележувањето, Град Скопје ќе ги додели наградите за најголем придонес за заштитата во областа на животната средина.

Лајонс клубот „Вардар“, пак, ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина во Лабораторијата за мотори со внатрешно согорување на Машинскиот факултет каде ќе се одржи беседа на тема „Решенија за потомците“, а ученици ќе сликаат и читаат песни за екологијата.

Меѓународниот ден на животната средина годинава Обединетите Нации ја одбележуваат под мотото „Седум билиони сништа, една планета ! Искористувајте ги природните ресоурси со грижа!”.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош