Маж, на возраст од 80 години, во Албанија, пред неколку дена ја обезглавил својата бремена пријателка во едно село во околината на градот Драч, јавија денеска албанските медиуми. Старецот и убиената 18-годишна девојка биле соседи и имале четиригодишна врска.
Девојката била три месеци бремена и неодамна дознала дека успешно ги положила приемните испити и може да студира на универзитет во Тирана. Мажот, кој имал деветгодишна пресуда за обид за убиство, побарал да се сретне со неа на полноќ.
Ја однел девојката во една нива, ја застрелал во глава, потоа и ја пресекол и ја сокрил главата. Телото на девојката било најдено следниот ден од нејзиниот татко. Мажот признал пред полицијата дека тој го извршил убиството, како и дека е татко на детето на убиената девојка.