Познатиот германски писател Михаел Кругер гостува во Скопје

Од:

Во организација на издавачката куќа „Блесок“, во соработка со СловоКулт, со поддршка од Гете Институтот и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка на 6 јуни, сабота, во 20 часот во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ (ул. Ленинова, Аминта Трети 29) ќе се одржи промоција на поетската книга од Михаел Кругер „После природата“.

Книгата на познатиот германски автор излезе 2012. во издание на Блесок, а изборот на песните и преводот од германски јазик е на Елизабета Линднер.

Разговорот со Михаел Кругер ќе го води македонскиот поет Никола Маџиров коj ке прочита и неколку негови песни од книгата.

Исто така негова поезиjа ќе прочита и поетесата Елизабета Баковска. Во чест на Игор Исаковски германскиот автор ке прочита две негови песни во превод на германски.

Авторот ќе го претстави Елизабета Линднер. По промоциjата предвидено е време за прашања од публиката и потпишување на книги.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска