Благодарение на канцелариската работа и работното време кое не дозволува редовни тренинзи, 35-годишниот Лојд Стивенс се соочил со проблемот на вишок килограми.
Иако, си имал ветно дека никогаш нема „да се запостави“, овој жител на Лондон го ја надминал 30-та година, почнал да се дебелее,, што го правело многу несреќен.
Еден ден кога ја видел својата фотографија од одмор на која, како што вели изгледа многу дебело, решил да се промени и излежувањето и прејадувањето да го замени со строг режим на диета во траење од 12 недели.
За само три месеци, Лојд загубил 12 килограми и стомакот го заменил со стомачни мускули. Таа трансформација му овозможила да ја напушти старата работа и стане познат тренер.
Секако, не мораме посебно да истакнуваме дека вака брзиот успех се должи на напорното тренирање и строгиот режим на исхрана.
– Исхраната е клучен фактор на мојата трансформација. Порано се обидував со комплицирани диети, кои на телото не му давав тоа што му е потребно. Многу подобро е да се поедностават своите навики. Кога само ќе се навратам наназад и ќе се сетам што беше тоа што го нарекував здрав појадок, низ смеа раскажува Стивенс
Тој вели дека порано неговиот појадок се состоел од житарки и банани, ручекот вклучувал сендвич, салата и сок, а за вечера секогаш јадел некои тестенини. Секако, тука имало и закуски, грицки или слатки.
Новата трансформација му помогнала да го промени и социјалниот живот, па сега е во врска со девојка која ја запознал во текот на тренинзите и се меѓусебна поддршка.
– Да ме прашавте пред пет годнии, никогаш немаше да помислам дека ќе изгледам вака, а камо ли и дека на други ќе им бидам пример да изгледаат како мене, вели Лојд.