Во сабота ќе биде отворен најголемиот базен на отворено „Базен Аеродром“
На 6-ти јуни во 10 часот сите љубители на водата, пливањето и сончањето ќе можат да бидат дел од отворањето на новата сезона на базенот во Аеродром.
Од менаџментот најавуваат дека ќе се задржат содржините од изминатата сезона, но и дека ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.
Покрај пливањето и сончањето, посетителите ќе можат да пробаат од специјалитетите на летната бавча или да се разладат со ладен пијалок од останатите барови за разладување кои работат во склоп на базенот.